За Нас

Мисија

Мисијата на ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ПРОГРЕС е посветено и
квалитетно да пружа помош и поддршка во процесот на достигнување оптимална
психосоцијална и професионална добросостојба преку соодветна и квалитетна
едукација, консултации и советување за сите заинтересирани.

Визија

Визијата на ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ПРОГРЕС е значително
да придонесеме кон подобрување на квалитетот на живот на сите заинтересирани
за постигнување, унапредување и/или одржување на својата психосоцијална и
професионална добросостојба, како и да ја зголемиме свесноста за важноста на
менталното здравје.

Цели

  • Зголемување на свесноста за важноста на менталното здравје и психосоцијалната
    добросостојба;
  • Создавање на безбедна, достапна и доверлива средина за психосоцијален и
    професионален развој во заедницата;
  • Овозможување психосоцијална поддршка и советување насочени кон справување
    со животни промени и предизвици, справување со кризни ситуации, градење
    резилиентност и откривање и развој на сопствените потенцијали;
  • Овозможување кариерна поддршка и советување насочени кон унапредување на
    професионалниот развој и јакнење на знаењата и вештините за зголемување на
    вработливоста и конкурентноста на пазарот на труд.

Ги остваруваме нашите цели и ги исполнуваме мисијата и визијата на ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ПРОГРЕС преку услугите за коишто можете да се информирате со клик на полето „Услуги“, додека Статутот и годишната програма се јавно истакнати на огласната табла во нашите простории.


Оваа веб страна е од информативен и едукативен карактер. Доколку сте заинтересирани за повеќе информации или потенцијална соработка, Ве охрабруваме да нè исконтактирате на телефонскиот број 077 712 568 или преку e-mail адресата contact@ec-progres.com.